top of page

Members BIO

 

The SOUL SHADOWS BAND:

  • Ognen STAMATOSKI

Може слободно да се каже дека Огнен е доајен и „ветеран“ во македонската клупска сцена со повеќе-децениско искуство не само во Македонија, туку и надвор од неа, со настапи на територијата на цела поранешна Југославија, низ Европа, долги години настапува на Блискиот исток (Ирак, Кувајт и Бахреин), скоро цела деценија настапи во Англија, како и повремени настапи во Америка. И покрај тоа што поседува диплома од Архитектура (УКИМ, Скопје), Магистер е по менаџментски науки и Доктор на науки со специјалност – Социјална инклузија, завршува VI степен Музичка академија во Скопје, како и повеќе музички сесии, семинари и студии за Jazz и Contemporary music. Видно место на почетоците на неговата кариера се, пред се, настапите со легендарната група „Република 903“ како и LINOS, „Крвна група“ и други.
Сепак, љубовта кон модерниот израз, особено блузот, соулот, а пред се – џезот, практично го вшмукуваат во огромното пространство на џез-стандардите и филмската (забавна-џез) музика и ориентацијата кон врвните мајстори на пијаното како Оскар Питерсон, Каунт Бејзи, Дјук Елингтон, Херби Хенкок, Чик Корија и Џо Семпл, а со тоа, на некој начин, го оттргнуваат од настапите со бендови и големи оркестри и го насочуваат кон солистички настапи и настапи во дуо, евентуално, трио. Се паметат постојаните клупски настапи (70-сетите и 80-тите год од минатиот век) во култното кафуле, прво од таков вид во Скопје – „Бифе ПАРИЗ“, каде практично го трасираше автентичниот ПИЈАНО-ВОКАЛ стил што ќе стане синоним за многу генерации потоа, а е синоним и за настапите на дуото OGGIE & ANGELA.
 

 

  • Angela JOSIFOVSKA:   vocal

Млада, а несекојдневно талентирана вокалистка, со префинет (т.н. „свилен“ или „баршунаст“) глас и автохтона боја, израз и суптилност во пеењето, пред Ангела е на повидок перспективна и блескава кариера, особено во вокалните изрази слични на оние на Randy Crawford, Sarah Vaughn, Ella Fitzgerald, Еми Вајнхаус и Бијонсе, па се до продорните вокали на Тина Тарнер. Идниот машински инжењер, т.е. индустриски дизајнер (УКИМ, Скопје), уште како мала го искажува својот талент на разни училишни и хорски настапи, како и на прочуеното „Златно Славејче“. Постојаната работа под будното око на својот „ментор“, О.С., од првата средба, па до денес, покажува голем напредок и видливи резултати, на големо задоволство на публиката од сите возрасти и области.

Младиот и суптилен вокал, кој во придружбата и пијано-аранжманите на „ветеранот“ – нема да ве остават рамнодушни! Тоа е глас што ќе остане запаметен на нашиве простори. 

 

 

 

bottom of page